Центарот за боречки вештини „Д Стронгест“ учествуваше на меѓународниот турнир АJP CROATIA 2022, на кое учествуваа 450 учесници. На ова натпреварување имаше борби со кимоно и без кимоно (no-gi).

Македонската експедиција на „Д Стронгест“ броеше девет натпреварувачи и сите имаа настап за респект, затоа што се закитија со медали.

Беа освоени седум златни медали и две сребрени одличја. Со злато се закитија Томи Блажевски, Анџела Стамкова, Стефан Пецевски, Марија Мичов, Марко Трајановски, Марко Сотиров, Михаил Ташковски, додека сребрен медал освоија Даниела Алексовска и Ива Спиридоновска.





