На последниот тренинг на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе се повреди. Според првичните најави, се работи за повреда која може да го изостави од составот за реван- дуелот во осминафиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Идриса Геје беше невнимателен и по еден дуел, директно со копачката го згазна Мбапе на ногата. Доколку беше ова старт на некој меч, Геје можеше да добие црвен картон, а вака на тренинг тој не настрада, но настрада Мбапе, кој веднаш падна на земја и почна да се превиткува од болка.
https://twitter.com/i/status/1500861207519055877
По првиот меч одигран во Париз, францускиот тим има предност од 1:0 против Реал Мадрид, и тоа благодарение на голот тому на Мбапе.