25.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Да беше сега Југославија, во составот ќе имаше тројца фудбалери од Македонија

Југославија како земја се распадна пред повеќе од 30 години, но кај дел од светските медиуми уште е интересно да направат хипотетички состав на фудбалската репрезентација доколку уште постоеше СФРЈ.

Аргентинскиот медиум „TyC Спорт“  реши да направи свој состав од фудбалери кои потекнуваат од просторите на поранешна Југославија. Во тој состав имаше место и за тројца фудбалери кои ги бранат боите на Македонија.

Столе Димитриевски е меѓу најдобрите голмани од ексЈу, Езџан Алиоски е меѓу дефанзивците, а Елиф Елмас од Наполи е меѓу најдобрите играчи за врска, односно оние кои играат во средниот ред.

Во составот на овој аргентински медиум се наоѓаат: Облак, Хандановиќ, Рајковиќ, Дмитровиќ, Беговиќ, Димитриевски – голмани; Савиќ, Гвардиол, Колашинац, Вршаљко, Миленковиќ, Максимовиќ, Ловрен, Марушиќ, Алиоски, Рахмани – одбрана; Модриќ, Брозовиќ, Миленковиќ-Савиќ, Костиќ, Илиќ, Матиќ, Пјаниќ, Елмас, Перишиќ, Ковачиќ, Ракитиќ – среден ред; Влаховиќ, Тадиќ, Митровиќ, Јовиќ, Крамариќ, Ребиќ, Јоветиќ, Шешко, Џеко, Вишча – напад.

- Оглас -

Најнови вести