Сезоната која што изминува е во знакот на клубовите за кои настаувал легендарниот Диего Армандо Марадона. Фудбалерот кој според многумина бил и најдобар на сите времиња, почина во ноември 2020 година на 60 години.
Во својата неверојатна играчка кариера, Марадона започна во Аргентинос Јуниорс, а потоа играше за Бока јуниорс, Барселона, Наполи, Севилја, Њуел Олд Бојс и на крајот заврши во Бока јуниорс.
Дури четири негови некогашни клубови, сезоната ја завршуваа со титули. Бока јуниорс, Барселона и Наполи се шампиони во првенствата на Аргентина, Шпанија и Италија, додека Севилја триумфираше во Лигата на Европа. Марадона сигурно би се радувал на сите овие трофеи, но сепак за еден посебно би бил горд, а тоа е мундијалскиот пехар на Аргентина освоен во декември 2022 година. По 36 години, Гаучосите повторно станаа планетарни прваци на чело со Лионел Меси, а Марадона не дочека да се радува на овој успех.