Германката Андреа Петковиќ која лани ја заврши кариерата како професионална тенисерка, смета дека ривалството во спортот е многу добро и ја зголемува мотивацијата.
Таа вели дека Роџер Федерер би имал помалку титули ако не се појавеа Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ како конкуренција. Федерер имаше 27 години кога го надмина тогашниот рекордер Пит Сампрас со 14 грен-слем титули. Тогаш Надал и Ѓоковиќ беа далеку зад него, но сега се пред Федерер.
„Ако се вратиме во 2009 година кога Федерер го израмни рекордот на Сампрас, ако не се појавеа Надал и Ѓоковиќ, Роџер ќе завршеше со 17 грен-слем титули. Сигурна сум дека не би ги виделе бројките кои ги имаат сега. Ривалството е многу важна работа, не само во спортот, туку во сите сегменти во животот“ – вели Петковиќ.