Да не беше Варан, кај Реал немаше кој да даде гол

Реал Мадрид извојува победа на гостувањето кај соседот Хетафе со 3-0, а дефанзивецот Рафаел Варан се истакна во нападот, и даде гол, а беше најзаслужен и за друг кој беше запишан како автогол на голманот. Покрај Варан, се истакна и голманот Тибо Куртоа кој во првото полувреме имаше чудесни одбрани и конечно покажува дека е еден од најдобрите на светот на неговата позиција. Третиот гол падна во финишот, а стрелец беше Лука Модриќ.

Реал три кола по ред нема примено гол, но во нападот се мачи. Овојпат ги спаси Варан со шутеви со глава. Сезонава само Карим Бензема е поефикасен од Варан (Рамос и Модриќ истотака имаат по три), и тоа покажува дека средниот ред и крилата не се доволно ефикасни.

 

- Оглас -

Најнови вести