Да не остане Барса покусо: Пораз кај Хетафе по цели 9 години (видео)

По Реал Мадрид вечерва шокантен пораз претрпи и Барселона на гости кај Хетафе со минимални 1-0. На Каталонците им пресуди Хаиме Мата од пенал во 56-тата минута, па Хетафе прекина црна серија од цели 9 години без победа против каталонскиот гигант на домашен терен.

На седум дена пред првото Ел Класико сезонава, двата најголеми конкуренти за титулата во Шпанија претпеа идентични порази. Куман го запиша првиот негативен резултат веќе во четвтртиот официјален меч на кормилото на Барса.

Со само 7 бода од максимални 12, Барселона засега ќе остане на деветтото место на табелата, а Хетафе се израмни со Реал Мадрид со по 10 бода на врвот.

- Оглас -

Најнови вести