Да не се повтори историјата, Драговиќ пак е заменет во 46-тата минута

Александар Драговиќ вечерва повторно е заменет на стартот од второто полувреме во составот на Австрија, а резултатот по првото полувреме е 1:1, идентично како во Скопје пред две години.

Во квалификацискиот дуел во 2019 година стоперот на Австријците го одигра првото полувреме и беше заменет во 46-тата минута од селекторот Франко Фода.

Потоа гостите ни дадоа три гола во второто полувреме и победија со 4:1.

И сега Драговиќ излезе од игра во истата минута, на стартот од вториот дел, при ист резултат 1:1, но поради повреда. Се надеваме дека историјата нема да ни се повтори и дека денеска во дебито на Европските првенства Македонија конечно ќе ја победи Австрија.

- Оглас -

Најнови вести