Ливерпул по 30 години, за првпат се израдува на титулата во англиското првенство и на „Енфилд роуд“ стигна долго посакуваниот трофеј. Помладите навивачи не се ни сеќаваат на сезоната 1989/90, во која најсреќен беше Ливерпул.
Педантните англиски статистичари провериле и пронашле дека има неколку заеднички моменти на оваа сезона со таа од точно пред 30 години.
Освен што Ливерпул станал првак на Англија, и тогаш и сега Лидс е прв во Чемпионшип и ќе игра во елитното првенство на Англија. Во 1989/90 година Лутон во последното коло со победа од 3:2 се спаси од пораз, а тоа се случи и сега. Лутон победи со 3:2 и се спаси од испаѓање.
Ако Лутон бил среќниот тим, тогаш клубот кој е кобен во оваа статистика на сличности е тоа што Борнмут испадна. И пред 30 години, Борнмут во последното коло не успеал да се спаси од испаѓање, а и сега се случи тоа.