5.8 C
Skopje
сабота, 27 декември 2025

Да одмориме, па тргнува најважната мисија во историјата на македонскиот фудбал (Фотогалерија)

Македонските фудбалски репрезентативци денеска го имаат првиот тренинг во Скопје, по сензационалната победа против Италија со 1:0 во Палермо, а веќе почна и најважната мисија во нашата фудбалска историја и мини-подготовките за дуелот со Португалија.

Утре нашите репрезентативци ќе патуваат за Порто, каде на 29. март ќе го играат финалниот бараж меч за настап на прво Светско првенство, тоа во ноември и декември годинава што ќе го организира Катар.

Македонија и Португалија ќе играат нокаут меч и последни 90 минути за пат во Катар.

Победник мора да има, а ако биде нерешено во регуларниот дел ќе има продолженија од двапати по 15 минути, па потоа евентуално и пенали.

Вистинско охрабрување за нас по големата победа со Италија е што за мечот со Португалците во составот ќе бидат и Елиф Елмас и Тихомир Костадинов кои не играа во Палермо поради жолти картони.

 

- Оглас -

Најнови вести