Тој вели дека женскиот фудбал не е атрактивен, па сега може да си ги проголта зборовите. Русинката Надежда Карпова, која е член на женскиот тим на Севилја, вчера постигна маестрален погодок со пета во победата од 4-0 над Еспањол во шпанската Примера.
Домаќинките имаат сигурни 2-0 пред влегувањето на Карпова во 73-тата минута, а уште во првата акција во којашто учествуваше Русинката со еден магичен потег се прослави. Изведе „штикла“ удар толку добар, што може да ѝ позавидат и најголемите фудбалски ѕвезди. Карпова до крајот на мечот постигна уште еден гол за конечните 4-0, но нејзиниот феноменален погодок може да биде претендент за најдобар оваа сезона.
https://twitter.com/ale_pecci97/status/1185993661299003393?s=21