Манчестер јунајтед и Челзи денеска ќе се соочат во „мечот на сезоната“ за нив. Двете екипи бркаат место кое води во Лигата на шампиони следната сезона, а „сините“ од Лондон на три меча до крајот на шампионат имаат 67 бода, три повеќе од нивниот денешен ривал.
Со евентуален триумф на „Олд трафорд“, Челзи речиси ќе го осигура пласманот и враќањето во европската елита, додека во случај Јунајтед да се радува на победа, неизвеноста ќе биде уште поголема пред конечниот исход на табелата, бидејќи и Арсенал води своја битка за топ 4.
„Црвените ѓаволи“ може да се надеваат на три бода против Челзи, бидејќи во претходно сезонава издвоија реми од 2-2 во првенствениот меч на „Стемфорд бриџ“, додека победија со 2-0 на истиот стадион во рамки од осминафиналето во ФА Купот. Во корист на Јунајтед е фактот што Челзи последен пат се радуваше во Манчестер во 2013 година со минимални 1-0.
Против фудбалерите на Маурисио Сари е и билансот со топ 6 екипите од Премиер лигата. Сезонава ги загубија сите четири гостувања кај најсилните англиски екипи, реализирајќи само еден гол, додека во својата мрежа дозволија 13 погодоци.
Сепак, во полза им оди учинокот против Јунајтед откако Премиер лигата се игра во овој формат. Челзи е екипата која има остварено најмногу победи против Манчестер јунајтед, бројат вкупно 18.
Последни 10 меѓусебни средби на Јунајтед и Челзи во сите натпреварувања:
28.12.2015 Манчестер јунајтед – Челзи 0-0
07.02.2016 Челзи – Манчестер јунајтед 1-1
23.10.2016 Челзи – Манчестер јунајтед 4-0
13.03.2017 Челзи – Манчестер јунајтед 1-0
16.04.2017 Манчестер јунајтед – Челзи 2-0
05.11.2017 Челзи – Манчестер јунајтед 1-0
25.02.2018 Манчестер јунајтед – Челзи 2-1
19.05.2018 Челзи – Манчестер јунајтед 1-0
20.10.2018 Челзи – Манчестер јунајтед 2-2
18.02.2019 Челзи – Манчестер јунајтед 0-2
Најавени тимови:
Манчестер јунајтед: Де Хеа, Јанг, Линделоф, Смолинг, Шоу, Матиќ, Мектоминеј, Погба, Лингард, Марсијал, Рашфорд.
Челзи: Кепа, Аспиликуета, Ридигер, Давид Луис, Емерсон, Баркли, Жоржињо, Лофтус – Чик, Педро, Вилијан, Азар.
Според коефициентите во Sport Life обложувалници, Манчестер јунајтед е фаворит за нијанса, „кецот“ носи 2.60 квота, додека „двојката“ во корист на Челзи е 2.65.