Да се биде или не за Мурињо

Ова е дуел кој може да биде и последен за тренерот на домаќините, Жозе Мурињо. Португалскиот стратег е под притисок бидејќи Манчестер игра слабо во Премиер лигата, каде што е на десеттото место на табелата. Сепак, кога се работи за Лигата на шампионите, „црвените ѓаволи“ тргнаа победнички, и тоа на гости кај Јанг бојс (3-0).

Одбраната на Манчестер делува многу слабо, и тоа е главен проблем. Навивачите на „Олд Трафорд“ сигурно ќе бараат триумф против Валенсија, која последните пет меча во сите натпреварувања ги игра од 0-2 гола. Рашфорд, Лукаку и Мата се во нападот и треба да го скршат отпорот на гостите.

Манчестер по 22-ри пат е во групната фаза од ЛШ, а поредовни учесници се само Реал Мадрид, Барселона и Порто, кои учествуваат по 23-ти пат во групите. Валенсија од гостувањата на англиско тло, има биланс од три победи, девет нерешени и четири порази, додека Манчестер во дуелите со противниците од Шпанија пред своите навивачи има 9 победи, 10 ремија и 5 порази.

Овие два тима меѓу себе досега играле осум пати. Манчестер има две победи, пет средби биле нерешено, а Валенсија победила само еднаш. На „Олд Трафорд“ играле четири пати и еве како завршувале досегашните мечеви:

07.12.2010           Манчестер ј. – Валенсија 1-1

20.02.2001           Манчестер ј. – Валенсија 1-1

08.12.1999           Манчестер ј. – Валенсија 3-0

15.09.1982           Манчестер ј. – Валенсија 0-0

Типувајте во коментар под текстот, вашиот алиас на Facebook и конечниот резултат на натпреварот (во полето за име и е-пошта не морате да ги внесете вистинските податоци, само да ја имате лајкнато страницата на СПОРТ МАНИЈА на Facebook за да може да ве пронајдеме). Коментарите на Facebook нема да бидат земени предвид.

Најбрзите десетмина кои ќе го погодат резултатот ќе добијат ваучер од 200 денари од SPORT LIFE Обложувалници.

 

Точниот резултат 0:0 го погодија: Igor, Elvis, Dejan Mladenovski и Ace кои треба да си го проверат email сандачето.

Честитки за добитниците, на останатите им посакуваме повеќе среќа во следното типување!

- Оглас -

Најнови вести