Да се чудиш: За победа на Ливерпул коефициентот е 6.80!

Ливерпул игра сезона за историја. Гигантот од „Енфилд роуд“ има речиси перфектни 16 победи и само едно реми без ниту еден пораз во досегашниот дел од Премиер лигата и е убедлив лидер. По пауза од 30 години, на големо се насмевнува шансата Ливерпул да стане првак на Англија.

Освен во првенството, Ливерпул е одличен и во Лигата на шампионите. Тимот ја има европската круна и е дел од осминафиналето во елитното натпреварување на УЕФА.

Сите овие факти говорат за тоа дека Ливерпул е тимот со најдобра форма во Европа сезонава. Сепак, нешто чудно се случува денеска. Ливерпул игра во четврт-финалето од Карабао купот и тоа на гости кај Астон вила, а домаќините се големи фаворити. Како е можно Астон вила да биде голем фаворит против Ливерпул?

Овој меч е дел од историските 24 часа во кои Ливерпул ќе одигра два дуели во два дена, и тоа на два различни континенти. Првиот тим на Ливерпул предводен од тренерот Јирген Клоп со сите ѕвезди веќе отпатува во Доха, каде што утре попладне ќе игра во полуфиналето од Светското клупско првенство против Монтереј од Мексико.

За да може да се одигра и денешниот меч против Астон вила, Ливерпул реши вечерва да настапи со играчите на Ливерпул тимот до 23 години. Комплетниот тим заедно со стручниот штаб на фудбалерите до 23 години вечерва ќе треба да ги бранат боите на Ливерпул.

Ни најверните навивачи на Ливерпул не ги знаат играчите кои вечерва ќе имаат задача да се обидат да се пласираат во полуфиналето на популарниот Лига куп. За тоа во кој состав треба вечерва да настапи Ливерпул, може да прочитате ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести