Да се надополни негатива од 11 гола делува како невозможна мисија

Женската ракометна репрезентација на Македонија попладнево (17 часот) ја пречекува селекцијата на Романија во реванш-дуелот од баражот за Светското првенство 2021.

Романките како големи фаворитки се на чекор до пласманот на големото натпреварување, а фактот што досега во три меѓусебни дуели Македонија памети исто толку порази, дополнително ја отежнува работата пред средбата во Скопје.

Избраничките на Симовски се пред невозможна мисија да надополнат 11 гола негатива по претрпениот пораз во Букурешт со 33:22 од првата средба. Сепак, важно е да се одбрани честа, па и да се доживее неуспех во обидот да се оствари сензација.

Колку за потсетување, Македонија последен пат на Светското првенство за жени настапи во 2007 година, на кое го освои 12-тото место, а се чини дека чекањето за повторно појавување на големата ракометна сцена ќе продолжи.

- Оглас -

Најнови вести