Комплетно фудбалска е денешната понуда во Супер типот на Sport Life. Тоа е и повеќе од очекувано ако се знае дека викендов ќе има преку 1.300 фудбалски натпревари од целиот свет, а во понудата со зголемени коефицинети се најдоа 16 интересни пресметки.
Речиси израмнет е билансот на зголемени квоти за домаќините и гостите. Има девет „кеца“ со зголемени квоти, а на седум дуели гостите се во улога на фаворити. Возбудувањата започнуваат уште од 13 часот кога во Русија ЦСКА во Москва ќе биде домаќин на Ахмат Грозни и квотата за победа на домаќинот е 1.55.
Англискиот првак Манчестер сити го очекува голем предизвик на теренот на Њукасл, а „двојката“ е со 1.73. Зголемена „двојка“ има и за победа на Интер кај Удинезе, потоа за Јувентус на теренот во Џенова, како и на Феенорд против НЕЦ Најмиген, Ле Авр-Лил и Дендер – Андерлехт. Гостински фаворит е и Барселона на теренот во Памплона против Осасуна, а двојката е 1.60.
Од домаќините кои имаат зголемени квоти вреди да се издвои 1.53 на Лајпциг за победа против Аугсбург, Молде против Тромсо и Монако кој дома треба да слави над Монпелје, барем според тоа што квотата за „кец“ е 1.43.