Поранешниот тренер на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу, смета дека нема ништо потешко од тоа да се победи Новак Ѓоковиќ на Вимблдон.
Српскиот тенисер има седум триумфи на најпрестижниот гренслем-турнир и моментно се наоѓа во серија од 28 победи. Ѓоковиќ победи на последните четири изданија на Вимблдон.
„Да се победи Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, најверојатно е ‘највисоката планина’ на која може да се искачи еден тенисер, односно најтешката работа во тенисот“, изјави Муратоглу во седмата епизода од серијата на Нетфликс „Брејк поен“.