Да се погоди исходот на миланското дерби ќе биде голема предност во колото на Спортска прогноза

Градското дерби во Милано помеѓу Милан и Интер закажано за в недела од 15 часот е во фокусот на љубителите на фудбалот викендов, па посебен предизвик ќе биде и да се погоди неговиот исход во 24-тото коло на Спортската прогноза.

Интер е лидер на табелата во Серија А и ако успее да го победи Милан, ќе направи четири бода предност во однос на градскиот ривал. Засега 33,5 отсто од прогнозерите кои типувале играле двојка на Интер. Процентите се блиску бидејќи 26,4 отсто веруваат во победа на Милан, додека 39,9 проценти мислат дека ќе биде нерешено. Но, типувањето трае до сабота во 15.30 часот и овие проценти ќе се менуваат.

Во основната понуда од 13 меча има и други интересни мечеви. На пример Вест хем – Тотенхем и Арсенал – Манчестер сити. На лондонскиот меч засега многу повеќе прогнозери типувале на двојка, иако Чеканите се пред Петлите на табелата. Сити има голема серија победи и затоа над 70 отсто веруваат дека тимот на Гвардиола ќе го надигра и Арсенал.

Најсигурен кец треба да биде победата на Фулам против Шефилд јунајтед.

Стандардно за секое коло, со погодени 13 пара се добива „ајфон 11“, за 12-ка и 11-ка има ваучери од Sport Life во вредност од 1.000, односно 500 денари, а важни се и поените од резервните двојки, кои се книжат во бодовното салдо за Генерален пласман.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести