Огромни пари се вртат во светот на фудбалот, има неверојатно високи трансфери во модерното време, а и потези каков што е тој на Лас Палмас.
Шпанскиот клуб од Канарските острови неодамна потпиша тригодишен договор со Алберто Молеиро, играч кој е голем талент, но е проценет на само 3 милиони евра, а сега и го продаваат на Барселона за 30 милиони евра.
Пазарот е интересен, бидејќи Лас Палмас при потпишувањето на договорот со 18-годишниот фудбалер одреди и клаузула од 30 милиони евра.
Барселона има традиционално добри односи со Лас Палмас, но нема толку пари за да го купи Молеиро, па ќе се обиде да ја намали цената со маневар.
Каталонците би го купиле Молеиро кога ќе се подобри финансиската ситуација во клубот, но сакаат веднаш да дојде кај нив, со познатата формула, како позајмен играч.
Целиот договор во најава меѓу двата клуба е хаотичен, но и ваквите фудбалски спогодби и договори се актуелни во модерниот фудбал.
За Молеиро се заинтересирани и Манчестер сити и Вилјареал, но тој би требало да оди во Барселона по истата патека на веќе познатиот Педри, кој беше член на Лас Палмас, но замина кај шпанскиот гигант од Каталонија.