11.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Ливерпул со гол во 90+2 минута го победи Атлетико, ПСЖ, Баерн и Интер покажаа сила (Видео)

Во драматичен меч на „Енфилд роуд“, Ливерпул со 3:2 го победи Атлетико Мадрид во дербито на денот од Лигата на шампионите. Ливерпул одлично го почна мечот и по првите шест минути водеше со 2:0. Робертсон и Салах погодуваа во четвртата и во шестата минута, но Атлетико Мадрид не се предаде.

Пред крајот на првото полувреме, Маркос Љоренте погоди за 2:1 на полувреме.

Атлетико стигна до 2:2 благодарение и на вториот погодок на Љоренте, и тоа во 81-вата минута.

Се чинеше дека Атлетико ќе освои бод на тешкото гостување во Англија, но така не мислеше Вирџил ван Дајк. По еден изведен корнер, Ван Дајк со глава погоди за 3:2 во 90+2 минута.

Баерн во Минхен со 3:1 го победи Челзи во меч на кој домаќините водеа со 2:0, па Челзи постигна погодок преку Палмер за 2:1, но германскиот гигант не дозволи изненадување и со вториот погодок на Хари Кејн на овој меч, стигна до 3:1 во 63-тата минута и ги реши сите дилеми околу победникот.

Актуелниот европски првак Пари Сен Жермен во голем стил, со победа од 4:0 над Аталанта, ја започна одбраната на тронот. Маркињос и Кварацхелија погодија во првото поливреме за 2:0, а во вториот дел голови постигнаа и Мендес и Рамос за убедлива победа.

На гостински терен вечерва единствено се радуваше Интер, и тоа со 2:0 во Амстердам против Ајакс.

- Оглас -

Најнови вести