Актуелниот европски шампион ЦСКА Москва му оддржа лекција на лидерот во Евролигата, Барселона и славеше на гостински терен со огромна разлика од 29 поени.
Домаќините поведоа по 10 минути игра со два поени разлика и потоа почна неверојатното кошаркарско шоу на шампионите, кое заврши со триумф од 96:67.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1200523803920453632?s=20
Интересно е што и во ваков тежок пораз двајцата најдобри стрелци на мечот беа од редовите на Барселона. Миротиќ и Брендон постигнаа по 19 поени, но тие беа и единствените во домашниот табор со двоцифрен учинок.
Кај ЦСКА Мајк Џејмс беше прв стрелец со 14 поени, а Курбанов уфрли 12-ка.