Да ти е мерак да „бркаш“ голови во Серија А

Интер – Наполи (21:45 ч.)

Дерби кое не решава многу. На две кола до крајот, Интер е сигурен патник во ЛШ, а тренерот на Нераѕурите најави дека не му е важно дали ќе заврши како втор на табелата или трет. Наполи како освојувач на Купот си има веќе обезбедено место во Лигата на Европа, а и да ги изгуби двата дуели до крајот, не може да падне под седмото место.

На осум од последните 11 меѓусебни средби немало повеќе од два гола, но фактот дека сега ќе играат без многу притисок може да донесе повеќе голови.

Предлог тип: 1Х&3+ (2.30)

 

Парма – Аталанта (19:30 ч.)

Најголемиот мотив за Аталанта во последните две кола во Серија А е да даде уште четири погодоци за да стигне до фамозната 100-ка во 38 меча. Парма е тим кој игра отворено и речиси ист му е билансот на дадени и примени голови.

Аталанта сезонава на гости игра феноменално и во 18 меча има само еден пораз, а во просек дава речиси по два и пол гола. Тимот од Бергамо има четири победи и едно реми во последните пет меча со Парма, а и сега е фаворит.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.72)

 

Клуж – Ботосани (20:30 ч.)

Нема дилеми дека домаќините се големи фаворити. Клуж е единствен тим што може да го стигне лидерот Крајова, па сигурно нема да дозволи кикс против Ботосани, кој нема никаков мотив за игра.

На последните седум средби на овие екипи секогаш имало барем по два гола, па и сега треба да биде така и повеќе да се тресе мрежата на гостите.

Предлог тип: T1 1+I& 1+II (2.35)

 

Цирих –  Сион (20:30 ч.)

Заостанат меч од швајцарското првенство на кој бодовите се многу поважни за гостите. Сион на крајот се разбуди и влезе во серија од две победи и три ремија, биланс кој им дава надеж дека може да се спасат.

Цирих е сигурен на средината на табелата, па затоа си има дозволено лукуз да освои само еден бод во последните пет натпревари. Логиката вели дека гостите мора да нападнат и да се обидат да стигнат до победа.

Предлог тип: Т2 2+ (2.07)

 

Ритериаи – Судова (19 ч.)

Дуел на последниот и првиот на табелата. Судова е главен фаворит за титулата, а фактот дека игра на терен против екипа која има седум порази и само две нерешени во последните девет кола во првенството, јасно е кој е фаворит.

На шест од последните седум меѓусебни средби било ГГ3+, па и сега ако домаќиите дадат еден гол, се очекува гостите да погодат барем двапати.

Предлог тип: 2 (1.68)

 

- Оглас -

Најнови вести