Да тргне работната недела, понеделничките Квоти на денот прават коефициент 44.46 (Фото)

Петте предложени натпревари во Квотите на денот во Sport Life ако се одиграат сите заедно на еден тикет, прават вкупен коефициент 44.46.

Првиот предлог е од шведскиот шампионат меѓу Гетеборг и Варбергс. Домаќинот е голем фаворит за триумф и квота од 2.15 се добива доколку се одигра дека Гетеборг ќе ги освои трите бода и притоа бидат постигнати меѓу два и пет гола.

И вториот предлог е од шведскиот шампионат, и тоа средбата меѓу Норшепинг и Халмштад. Тука предлогот е да се одигра на голови, односно дека и двата тима ќе ја затресат мрежата и ќе бидат постигнати барем по еден гол и во првото и во второто полувреме. Квотата за оваа игра изнесува 2.35.

Наредните два предлока се од последното трето коло од групната фаза на Европското првенство до 19 години. За натпреварот меѓу селекциите на Грција и Исланд, квота од 2.00 се добива ако се одигра дека ќе има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Јуниорите на Шпанија се големи фаворити во мечот против врсниците од Норвешка и тука предлогот е да се одигра на голови на Фуријата. За играта младите фудбалери на Шпанија да постигнат помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме квотата е 2.20.

Последниот предлог е од аргентинскиот шампионат, и тоа дуелот меѓу Бока јуниорс и Хуракан. Фаворитската улога ја има гигантот од Буенос Аирес, а предлогот на Sport Life е да се одигра дека ќе биде постигнат барем еден гол во првото полувреме и ќе има најмалку два гола на целиот натпревар. Квотата за оваа игра изнесува 2.00.

- Оглас -

Најнови вести