9.8 C
Skopje
понеделник, 9 февруари 2026

Да загубеа со четири гола разлика, ќе испаднеа, па не се појавија на теренот и загубија службено 0-3

Сигурно не сте чуле за фудбалскиот клуб Грин Стритс од Малдивите, но по скандалот кој го направија во последното коло од првенството на оваа островска земја во Азија, го привлекоа вниманието.

„Зелените улици“ се бореа за опстанок, а натпреварите не се играа истовремено, па тие знаеја што им е потребно за да опстанат.

За да останат во лигата, не смееја да загубат со четири или повеќе голови разлика. Некој во клубот сметаше дека е попаметно да не излегуваат на теренот отколку да се појават и да ризикуваат евентуален пораз со минимум четири гола разлика.

Така тимот Грин Стритс не се појави и натпреварот беше регистриран со службен резултат од 3-0, што им беше доволно за опстанок благодарение на еден гол предност во гол-разликата во однос на ривалот Валенсија, кој испадна, засега.

Сепак, постои можност Дисциплинската комисија на Фудбалската асоцијација на Малдивите по истрагата, да го казни Грин Стритс и да го исклучи од лигата.

- Оглас -

Најнови вести