Макаби Хаифа одигра 1:1 против Олимпијакос во меч од квалификациите во Лигата на шампионите, а домаќините се спасија од пораз со погодок во судиското надополнување. Долев Хазиза беше стрелец на голот за радост на домашните фанови и тоа на многу атрактивен начин.
Хазиза погоди со шут зад грб и ги изненади сите, а потоа во еуфорија го соблече дресот и го фрли на трибините. Малку подоцна на фудбалерот му текна дека повторно мора да го облече дресот што го фрли на трибините, па со дел до соиграчите мораше да го моли навивачот кој го фати дресот да го врати за да може фудбалерот да продолжи на теренот.