ОФК Београд со 1:0 победи на гости против ТСЦ Бачка Топола во меч на кој се случи еден бизарен момент. Се играше 90 минута, кога гостинскиот фудбалер Никола Митуљикиќ постигна гол кој требаше да биде потврда на победата на ОФК Београд, но неговата радост траеше кратко.
Само што го постигна голот, Митуљикиќ веднаш го соблече дресот и го фрли во знак на прослава. Сепак, судиите веднаш реагираа и покажаа дека тој погодок ќе биде понишетн поради офсајд.
Освен што остана без погодок, Митуљикиќ на крајот доби и црвен картон. Тој имаше жолт картон, а откако го соблече дресот, автоматски значеше дека ќе добие нова јавна опомена.
Судијата исправно ги следеше прописите и му даде црвен картон на Митуљикиќ. За среќа на гостите, исклучувањето на Митуљикиќ немаше негативен контекс за нив, затоа што резултатот на крајот остана 1:0 за гостите од ОФК Београд.
БИзарната ситуација по која беше покажан црвен картон може да ја видите на 8Ч40 минута на видеото.

