Даде гол и за малку ќе загинеше (Видео)

Фудбалерот на јапонскиот тим Сапоро, Андерсон Лопес за малку можеше да настрада на мечот против Шимицу. Сапоро победи убедливо со 5:2, а Лопес даде еден гол. Токму по постигнувањето на погодокот, настрада Лопес.

Сакајќи да прослави со навивачите на трибините, Лопес се затрча кон трибината, ги скока рекламите, но не очекуваше дека позади рекламите се наоѓа канал длабок три метри. Фудбалерот заврши во каналот, но за среќа немаше посериозни повреди, а и лекарските служби веднаш беа таму да му помогнат.

Бизарниот момент од овој меч може да го видите на 6:55 минута од видеото.

https://youtu.be/R39Lwj4KBxI

- Оглас -

Најнови вести