Даде гол, истрча на трибина и сам си аплаудираше (Видео)

Хонвед минимално со 1:0 го победи Халадас во првиот меч од Купот на Унгарија, а стрелец на единствениот погодок беше хрватскиот интернационалец Тончи Кукоч. Тој успеа да пресече една топка на средината на теренот, а потоа направи брза контра која на крајот самиот ја реализираше во погодок.

По постигнувањето на голот, Кукоч ја имаше една од најинтересните прослави. Се стрча кон трибината, ја прескокна оградата и седна на столчето. Хрватот започна самиот да си аплаудира на погодокот што го даде, а потоа во прославата му се прклучија и соиграчите, но и навивачите кои се најдоа на тој дел од трибината.

За Кукоч ова беше прв погодок сезонава во 11-тиот меч за унгарскиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести