Поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили беше избран за претседател на Грузија, избор кој предизвика многу контроверзии.
Опозицијата ги бојкотираше изборите, а негодуваат за изборот на ултрадесничарот и проруски настроен Кавелашвили и поради тоа што тој нема завршено високо образование.
Недостигот факултетска диплома го спречи да се кандидира за претседател на Грузиската фудбалска федерација во 2015 година, но тоа не беше пречка да стане претседател на државата Грузија.
„И претседателот на УЕФА, Мишел Платини, нема високо образование“, се бранеше Кавелашвили во минатото.
„Љубовта и лојалноста кон татковината, како и познавањето на основните вештини, не бараат диплома“, рече член на партијата на Кавелашвили во одбрана на новиот шеф.
Кавелашвили, кој сега има 52 години, во минатото има играно за Манчестер сити и има постигнато еден многу важен гол во градското дерби против Јунајтед. Тоа се случи во април 1996 година. Јунајтед победи со 3-2, а едниот гол за Сити беше дело на Грузиецот, кој го совлада голманот Петер Шмајхел.
За Граѓаните играше од 1995 до 1997 година, а потоа играше за неколку швајцарски клубови.
The last time Mikhail Kavelashvili made headlines in the UK, United won the derby… https://t.co/O4TUOB6gxC pic.twitter.com/Bzw5BOjwhD
— Gavan Reilly (@gavreilly) December 14, 2024