Даде гол од својата половина, но му го поништија (Видео)

Калјари синоќа со 2:1 ја победи Фиорентина во првиот меч од 28. коло на Серија А. Сите три погодоци беа постигнати во второто полувреме, но интересно е тоа што најубав гол беше тој што судијата го поништи.

Беше досуден индиректен удар за Калјари и тоа во нивната половина од игралиштето. Лука Цигарини реши да шурита директно кон голот на Фиорентина, а топката беше милиметарски прецизна и заврши во голот, покрај изненадениот голман на гостите.

Сепак, наместо радост за прекрасниот гол, судијата досуди дека тој не важи. Причина за поништувањето е бидејќи тоа беше индиректен удар, а во таква ситуација не смее да се шутира директно кон противничкиот гол.

https://twitter.com/i/status/1106687939600416768

 

- Оглас -

Најнови вести