Даде гол во градско дерби, го соблече дресот, а заборави дека веќе има жолт картон (Видео)

Аргентинецот Николас Стефанели беше главна ѕвезда на градското дерби во Стокхолм помеѓу АИК и Ѓургарден. Емоциите го понесоа Стефанели откако во финишот на првото полувреме даде гол за 1-0 за АИК, па погодокот го прослави со соблекување на дресот, заборавајќи дека тоа значи жолт картон, а од претходно веќе имаше една јавна опомена.

Стефанели и соиграчите се држеа за глава кога видоа дека судијата му покажува црвен картон на стрелецот. Судијата ги следеше правилата, а фудбалерот се занесе во прославата и сам е виновен што непотребно поцрвене. Сепак, олеснителна околност за АИК беше што од 11-тата минута и играч на Ѓургарден беше исклучен, па второто полувреме се играше 10 против 10. АИК победи со 1-0, па сега АИК и Ѓургарден се на делба на првото место, а Малме има три бода помалку од нив.

do_widget id=custom_html-5]

- Оглас -

Најнови вести