Даде гол за победа во 95-та минута, и тоа со ножички, па беше исклучен (Видео)

Австралискиот 21-годишен фудбалер Џордан Лаутон постигна гол по кој може да ја заврши кариерата и да не жали. Му се оствари сонот на секој што игра фудбал, даде гол за победа во 95-та минута и тоа на спектакуларен начин, со ножички.

Ова се случи на дуелот помеѓу Перт глори и Вестерн јунајтед од австралиската елитна А лига. Перт водеше со 2-1 до 90-тата минута, а на крајот победија гостите. Лаутон го понесе еуфоријата, заборави дека веќе има картон, голот со ножички во 95-тата минута го прослави со соблекување на дресот, за што доби жолт картон, негов втор на средбата, па беше и исклучен.

Погледнете го голот кој може да конкурира и за наградата „Пушкаш“:

- Оглас -

Најнови вести