Некогашниот аргентински фудбалски репрезентативец Родриго Паласио пред неколку месеци ја заврши играчката кариера, но не се откажа од спортот. Иако има 40 години, Паласио реши да остане активен, и тоа како кошаркар.
Паласио игра во Серија Д кошаркарската лига на Италија, во тимот на Гарењано баскет, клуб од еден кварт од Милано. Фудбалскиот голгетер игра на плејмејкерската позиција и по снимката која е направена, се гледа дека има солидна вештина за дриблинг и продор кон противничкиот кош.
Како фудбалер, Паласио играше точно две децении, а ги носеше дресовите на Хуракан, Банфилс и Бока јуниорс во Аргентина, а потоа направи трансфер во Европа и помина 13 сезони во Италија.
Од 2009 до 2012 година играше за Џенова, потоа направи трансфер во Интер, каде што помина пет сезони, за потоа да направи трансфер во Болоња, каде што помина четири години. Само минатата сезона играше во Серија Б, во тимот на Бреша. Во италијанскиот фудбал даде повеќе од 100 погодоци, а сега се префрли во „напад“ на противничките кошеви.
Rodrigo Palacio, 40 anni, 101 gol in Serie A tra Inter, Genoa e Bologna, fino a 4 mesi fa in Serie B al Brescia, ha esordito in Serie D, ma non a calcio: gioca nel Garegnano Basket.pic.twitter.com/VcTHaCYkat
— La Giornata Tipo (@parallelecinico) September 27, 2022