Аталанта со 7-2 славеше на гостувањето кај Лече, и докажа дека кога е ефикасноста во прашање, тука се без конкуренција тим број 1 во Италија. На пример, имаат дадено 22 гола повеќе од Јувентус, а десет повеќе од Лацио. Со 70 погодоци на 13 кола до крајот на сезоната, Аталанта го има убедливо најдобриот напад.
Тимот од Бергамо поведе со 2-0, со Лече успеа до крајот на првото полувреме да израмни. Тоа ги налути гостите кои во второто полувреме го декласираа противникот и му дадоа уште пет гола.
За Атаанта, не е ништо ново сезонава да постигне седум гола на едно гостување во 2020 година. На 25 јануари, со седумка во противничката мрежа си заминаа од гостувањето кај Торино. Во октомври, на домашен терен му дадоа 7 гола на Удинезе.
Аталанта сезонава има пет меча на кои дава барем пет гола. Последен тим на кој му успеало тоа во Италија бил Милан од сезоната 1958/59.