Даер: Сакам пепелта да ми ја расфрлаат на стадионот на Тотенхем

Плејмејкерот на Тотенхем, Ерик Даер, изјави дека по неговата смрт сака да биде кремиран и пепелта да му биде расфрлана низ стадионот на кој Тотенхем ги игра натпреварите како домаќин.

„Сакам да ме погребаат на Тотенхем стејдиум. Сакам пепелта да ми ја расфрлаат низ стадионот. Не постои друго место во Лондон со кое сум толку многу поврзан“, изјави 27-годишниот Даер, кој е роден во Англија, но кога наполни седум години се пресели во Португалија и таму порасна, во Тотенхем дојде во 2014 година од Спортинг Лисабон.

Лојалноста на Даер кон Петлите е неспорна, договорот со клубот му е за уште четири сезони. На 271 меч во дресот на Тотенхем, Даер има 11 гола и исто толку асистенции.

- Оглас -

Најнови вести