Даглас Коста повторно во дресот на Баерн

Даглас Коста е на пат кон Минхен, каде што треба да ја комплетира едногодишната позајмица од редовите на Јувентус. Баварците го враќаат брзоногото бразилско крило кое мина три години на „Алијанц арената“ пред да го облече дресот на италијанскиот шампион.

Баерн ќе му ја исплаќа целосната плата на Коста, што значи дека Јувентус нема да добие отштета за позајмицата, додека пак не е вклучена опција за откуп на неговиот договор. Тренерот Флик бараше четврт крилен офанзивец на веќе присутните Гнабри, Сане и Коман и добива искусен играч кој веќе запиша повеќе од 200 настапи за германскиот првак.

Коста во изминативе две сезони одигра 103 настапи за Бјанконерите, во кои реализира само 10 гола и запиша 21 асистенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести