23.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Даглас Луис пред трансфер во Норингем Форест

Даглас Луис е сè поблиску до трансфер во Нотингем Форест. Јувентус бара најмалку 35 милиони евра за бразилскиот играч за врска, кој со задоволство би се вратил во Премиер лигата.

Старата дама инсистира, доколку зделката биде во форма на позајмица, договорот задолжително да содржи клаузула за обврзувачки откуп на крајот од сезоната.

Даглас Луис веќе изразил желба повторно да игра во Англија, каде што остави силен впечаток во дресот на Астон Вила. Преговорите се очекува да продолжат и за време на викендот.

Паралелно, планот на Јувентус е по неговата продажба да испрати понуда за Матијас О’Рајли од Брајтон, кој се гледа како идеална замена.

- Оглас -

Најнови вести