Даглас Луиз во голема размена доаѓа во Јувентус

Бразилскиот интернационалец Даглас Луиз е на прагот на трансфер во Јувентус. Одличниот дефанзивен играч за врска на Астон вила постигна договор со италијанскиот клуб и во следните четири години би требало да заработува околу пет милиони евра по сезона.

Даглас Луиз е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата, а минатата сезона постигна десет гола и исто толку асистенции на 53 натпревари.

Бразилецот вреди 70 милиони евра, а Јувентус ги нема тие пари, па раководството на италијанскиот тим смисли опција која Англичаните ќе ја прифатат. Астон вила мора да заработи малку за да нема проблеми со финансискиот ферплеј, па за Даглас Луиз ќе добие 20 милиони евра, но и двајца играчи на Јувентус.

Во Англија пристигнуваат американскиот играч за врска Вестон Мекени, кој вреди 28 милиони евра, и англиското крило Семјуел Илинг-Џуниор, кој вреди 13 милиони евра.
Астон вила сака да ги донесе двајцата и е подготвена да се откаже од својот клучен играч од Бразил.

- Оглас -

Најнови вести