Дадете им ја титулата – Динамо немилосрдно „гази“ во Хрватска

Иако се игра осмото коло во првата хрватска лига, се чини дека прашањето околу првакот уште од сега е јасен. Динамо Загреб со победата од 3:1 над Ријека покажа дека нема конкуренција во моментов, односно дека истата е далеку зад нив.

Тимот на Стефан Ристовски и Аријан Адеми немаше мака против ривалот и со головите на Расмус Лауритсен (28′), Дарко Шпикиќ (30′) и Мислав Оршиќ (60′) дојде до новите три, и сега има 22 бода, со импресивни 27 постигнати погодоци.

Почесен гол за гостите постигна Никита Влашенко во самата завршница од средбата.

Ристовски го одигра целиот натпревар, додека Адеми влезе во 61-та минута.

Зад нив е Славен Белупо кој што има 14 бода но и меч помалку, додека Хајдук е на бројката од девет бода, но од пет одиграни натпревари. Доколку ги победи заостанатите три средби, тогаш ќе стигне до 15, и пак ќе има големо заостанување зад Динамо. Но прашање е колку тимот од Сплит може да ги победи заостанатите средби.

Пред Динамо сега е мечот од Лигата на шампионите против Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести