Фудбалскиот аналитичар и стручен консултант на РТС, Раде Богдановиќ остро го критикуваше албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку, но беше изненаден и од благата казна која УЕФА му ја даде на овој играч по испадот на дуелот против Хрватска.
Даку по мечот со Хрватска на мегафон скандираше навредливо против Македонците и Србите, а дисциплинската комисија на УЕФА поради тоа однесување изрече казна за фудбалската федерација на Албанија од 47.500 евра, а Даку доби суспензија од два меча.
Според Богдановиќ оваа казна на УЕФА е смешна и дава храброст во иднина и други да го следат неспортскиот потег на Даку.
„Разбирливо е затоа што тој е примитивец. Доаѓаш на ЕП да играш за својата репрезентација и на крајот ќе се фатиш за мегафонот за да покажеш некој став или да се додвориш на некого. Не е тоа негов проблем, тој е примитивец. Со примитивците можеш вака или онака, но поентата е ставот на УЕФА. Блага казна со која се дава порака на навивачите дека утре може да скандираат што сакаат или да фрлаат на терен. Ова е прв пат да видам еден сериозен примитивизам на европско натпреварување, а УЕФА повторно потфрли“, вели Богдановиќ.