Екипата на Далас му се придружи на Бостон во големото финале на НБА-лигата откако буквално ја растури Минесота на гостински терен со 103-124. Патникот во финалето беше познат уште по првото полувреме, со оглед на тоа дека Далас имаше неверојатни +29 на паузата.
Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг беа незадржливи и мечот го завршија со по 36 поени. Словенецот само во првите четири минути од натпреварот постигна 12 поени, а првата четвртина ја завери со 20, еден повеќе од целата екипа на Минесота.
До полувремето Дончиќ и Ирвинг искомбинираа 44 поени, додека целата домашна екипа имаше постигнато само 40 поени. Кошаркарите на Минесота во второто полувреме само се обидоа да направат нешто, а сè што успеаја е да стопат само осум поени од големата предност на Далас.
Големото финале на НБА-лигата започнува ноќта помеѓу шести и седми јуни со меч во Бостон.