Далас и Атланта испаднаа од плејин: Познати се сите парови во плејофот на НБА лигата

Утрово се одиграа последните два меча ов плејин разигрувањето за пласман во НБА плејофот. Од борба за титулата испаднаа екипите на Далас и Атланта.

Далас иако беше предводен од Дејвис кој постигна 40 поени, загуби на гостувањето кај Мемфис со 120:106. Тројца играчи на Мемфис постигнаа над 20 поени, а најефикасен беше Џерен Џексон со 24 поени. Во првото коло на Западната конференција, мемфис ќе игра против најдобриот тим по регуларниот дел од НБА лигата, Оклахома сити.

Мајами дури по продолжение ја елиминираше Атланта и тоа како гостин со 123:114. Тајлер Хиро со 30 поени, осум скока и седум асистенции беше предводник на Жешките, додека на спротивната страна најефикасен беше Тре Јанг со 29 поени и 11 асистенции.Во првото коло од плејофот на Истокот, Мајами ќе игра против Кливленд.

Вечерва стартуваат првите дуели од плејофот, а ќе играат Индијана – Милвоки (19 часот) и Денвер – ЛА клиперс (21 часот).

- Оглас -

Најнови вести