Екипата на Далас маверикс е првиот финалист во Западната конференција на НБА лигата и таму ќе го чека подобриот од мајсторката помеѓу Денвер и Минесота. Далас предводен од Лука Дончиќ го победи составот на Оклахома за половина кош, со 117-116, што беше доволно за 4-2 во серијата.
Лука Дончиќ мечот го заврши со трипл-дабл ефект од 29 поени и по 10 скока и асистенции, со што беше најдобар во победничките редови. Сепак, мечот некаде до почетокот на третата четвртина мина со комплетна доминација на гостите, кои во еден момент имаа и предност од +17 поени.
Но, домашните не се откажаа и во луд финиш ја грабнаа победата за половина кош.