Далас не смее да дозволи шест последователни порази

8381 Далас маверикс – Феникс санс (02:30ч)

Далас влезе во кризен период и претрпе пет порази во низа, што е недозволиво за една екипа која цели да биде меѓу осумте претставници на Западот во разигрувањата. Феникс среде Тексас им ја нанесе последната болка на Маверикс, кои пак ќе целат на реванш и прекин на лошата серија.

На Сонцињата добро им оди против Дончиќ и дружината откако ги добија последните пет меѓусебни средби, но треба да се знае дека тимот од Аризона повеќе од три години нема остварено две последователни гостински победи против Далас.

Предлог тип: 1 (1.84)

 

8181 Џими Батлер (Мајами хит – Шарлот хорнетс, 01:30ч)

Батлер се врати во голем стил по 10 пропуштени натпревари и со 30 поени блесна во победата на Мајами против Сакраменто. Жешките со негова помош ја прекинаа лошата серија од пет порази, па сега им е потребна уште една блескава партија на Џими за вицешампионот да влезе во победнички континуитет.

Батлер досега во седум настапи одржува просек од речиси 18 поени по натпревар, но за да биде добитен тип потребно е да реализира повеќе од 21 поен во дуелот против Кингс.

Предлог тип: Батлер >20,5 поени (1.87)

 

8353 Крис Вуд (Оклахома сити тандер – Хјустон рокетс, 02ч)

Центарот на Хјустон е еден од најконстантните играчи на Ракетите оваа сезона и покрај новите носители Вол и Оладипо, па од Вуд се очекува да биде лидер на екипата.

Оваа сезона бележи одличен просек од 23,6 поени по натпревар, граница која би требало без проблеми да ја надмине на гостувањето кај Оклахома, со оглед на тоа дека е во одлична форма.

Предлог тип: Вуд >23,5 поени (1.90)

 

8360 Зајон Вилијамсон (Њу Орлеанс пеликанс – Сакраменто кингс, 02ч)

Њу Орлеанс разочарува во првата четвртина од оваа сезона со негативниот биланс 7-11 по 18 натпревари. Работите мора што побрзо да се сменат, а за тоа потребно е Зајон без милост да гази во континуитет, односно да реализира од 30 поени па нагоре.

Вилијамсон треба да го повтори настапот, односно учинокот од 32 поени против Милвоки, што беше последен триумф за Пеликанс, па доколку го стори тоа ноќеска, границата од 25 поени лесно ќе ја надмине.

Предлог тип: Вилијамсон >24,5 поени (1.85)

 

8374 Сан Антонио – Мемфис гризлис (02:30ч)

Мемфис фасцинира со својата серија од шест победи, која ја држи без еден од главните играчи, центарот Јонас Валанчиунас, но и уште неколку отсуства во екипата. Иако тимот е десеткуван, таа серија го докажува борбениот менталитет на екипата и треба да се продолжи со ова пријатно изненадување и во второто по ред гостување кај Сан Антонио.

Пред една ноќ Гризлите славеа во Тексас со 129:112, па иако имаат одиграно пет натпревари помалку од повеќето екипи, го држат респектабилното петто место на Западот со учинок 8-6. Иако на Спарс цел им е да се реваншираат, Мемфис е во феноменална форма и не се гледа начин како таа ноќеска ќе се запре.

Предлог тип: 2 (2.35)

- Оглас -

Најнови вести