Далас маверикс доживеа вистинска катастрофа на првиот меч по трејдот на Лука Дончиќ во ЛА лејкерс. Тие на гостувањето кај Кливленд загубија со 144-101, но за домашниот состав посебно импресивно беше првото полувреме. Кливленд го доби првиот период со 50-19, а на полувремето беше 91-46.
Актуелниот шампион Бостон селтикс со пресврт во последната четвртина дојде до победа од 110-118 на гости кај Филаделфија. Домашните имаа неверојатно водство од +26 поени во третата четвртина, а и во последниот период влегоа со двоцифрено водство, но Селтикси со серија од 17-1 го направија пресвртот на почетокот од четвртата четвртина, а до крајот само ја одржуваа предноста.
Резултати:
Детроит – Чикаго 127-119
Кливленд – Далас 144-101
Торонто – ЛА клиперс 115-108
Филаделфија – Бостон 110-118
Милвоки – Мемфис 119-132