Далас водеше со 22 разлика, прими луд кош за пресврт, на крајот Дончиќ утна шут за победа (Видео)

Феникс санс го совлада Далас маверикс со 107-105 во најинтересниот меч кој се одигра рано утрово во НБА-лигата. Маверикс имаа и 22 поени предност во текот на средбата, но домашните направија пресврт и победија благодарение на Демион Ли, кој даде клучни 11 поени во последната четвртина.

Ли го погоди и тешкиот шут за победа на 9,7 секунди до крајот. Во последниот напад Лука Дончиќ имаше шут за три поени, но топката се одби од обрачот. Дончиќ заврши со 35 поени, додека кај Сонцата најефикасен беше Девин Букер со 28.

Првиот пик на годинешниот драфт, Паоло Банкеро, имаше одлично деби, но неговиот тим Орландо меџик загуби од Детроит со 109-113. Банкеро на својот прв меч во НБА уфрли 27 поени, а имаше и и девет скока и пет асистенции. Вакви бројки (20+ поени и барем пет скока и асистенции) за прв пик на дебито не се видени од Леброн Џејмс наваму. Кај Пистонс најдобри беа Бојан Богдановиќ со 24 поени и петтиот пик Џејден Ајви со 19.

РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Орландо 113-109, Индијана – Вашингтон 107-114, Атланта – Хјустон 117-107, Бруклин – Њу Орлеанс 108-130, Мемфис – Њујорк 115-112 (по продолжение), Мајами – Чикаго 108-116, Торонто – Кливленд 108-105, Минесота – Оклахома сити 115-108, Сан Антонио – Шарлот 102-129, Јута – Денвер 123-102, Феникс – Далас 107-105, Сакраменто – Портланд 108-115. 

Ова е кошот за победа на Феникс над Далас:

https://twitter.com/i/status/1582955332862496768

- Оглас -

Најнови вести