Младинскиот македонски фудбалски првак Работнички претрпе нов тежок пораз, овојпат со 1:7 на свој терен во дуелот против Шелбурн. Ова беше реванш-меч од претквалификаците во младинската Лига на шампиони. Пред една недела во Ирска, Работнички загуби со 5:0, што значи дека по двомечот, македонскиот младински првак е елиминиран со вкупни 1:12.
Уште во петата минута Шелбурн поведе, и тоа со голот на Тирек Семи, а истиот играч зголеми на 0:2 во 39-тата минута. Тронка надеж за Работнички даде погодокот на Јован Бошнаков, кога намали на 1:2 во 44-тата минута.

Сепак, во вториот дел вистински дебакл за младинците на Работнички. Силовито тргнаа гостите и во првите 15 минути постигнаа три гола за убедлива предност од 5:1. До крајот на мечот, Бејли погоди за 6:1, а тој што ја започна серијата погодоци, Семи, со хет-трик ја комплетира одличната игра за конечни 7:1 за гостите од Ирска.

