Рајан Саундерс доби отказ во Минесота тимбервулфс, екипа што го има најлошиот биланс во НБА-лигата во моментов. По поразот од Њујорк никс со 99:103, Саундерс е сменет, а ќе го замени Крис Финч.
Популарните Волци имаат биланс од 7 победи и 24 порази, што значи дека веќе отсега се знае дека нема да играат во плејофот, нешто што беше редовна пракса кога таткото на Рајан, Флип Саундерс, беше тренер на Минесота тимбервулфс.
За отказот на Рајан, кој има вкупен биланс од 43 победи и 94 порази како кормилар на Минесота во две и пол сезони, има и објективни причини, особено сезонава. Тимбервулфс играа долго време без првата ѕвезда во тимот Карл-Ентони Таунс, но раководството на клубот немаше милост кон тренерот и го смени.
Неговата замена Финч ќе дебитира како главен тренер на НБА-тим откако претходно беше асистент во Торонто репторс, Хјустон рокетс, Денвер нагетс и Њу Орлеанс пеликанс.