Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз во квалифкациите за ЕП2021, односно втор од селекцијата на Германија при конечни 59:74. За разлика од нивната прва средба во која Германките славеа со 65 разлика, овојпат составот на Владимир Ѓоровиќ се покажа во далеку подобро светло.
Македонките во одреден дел од мечот го имаа резултатот во своја корист по што на пауза заминаа со +4, меѓутоа фаворитките ја презедоа контролата во вториот дел по што одолеваа на сите обиди на нашата репрезентација да се врати во игра.
Натурализираната Американа Девана Бонер и Анџелика Митрасиновиќ беа во добро расположение, меѓутоа тие две сами не можеа да го надиграат противникот. Митрасиновиќ блесна со 30 поени и 6 асистенции, Бонер оствари дабл-дабл од 14 поени и 11 скока, додека од страната на победниците се истакна Хебекер со 21 поен.