15.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Далеку сме од Украинците – Два порази на македонски екипи во Анталија со гол-разлика 0:8

Подготвителните тест натпревари во Анталија уште еднаш потврдија дека моментно македонските екипи се многу назад во однос на квалитетот на Топ-10 лигите во Европа, а двомечот со украинските екипи, на Вардар и на Македонија Ѓорче Петров им донесоа убедливи порази.

По вчерашниот дебакл на Вардар против Динамо Киев и победата на украинскиот гигант од 4:0 и денеска во нов украинско-македонски меч во Анталија, Македонија Ѓорче Петров загуби со 0:4 од Олександрија.

Вантух беше стрелец на првиот гол за Олександрија во 13. минута, а Хрицјук и двапати Шастал беа прецизни во второто полувреме за убедлива победа на украинскиот тим.

Македонија Ѓ.П. претходно ремизираше без голови со Погон Шчечин, а до крајот на подготовките во Анталија ќе играат и со Черно Море на 28. јануари и Пирин на 1. февруари. Еден ден подоцна противник ќе им биде Тузла, а за крај е оставен и најреномираниот ривал со кого ќе играат на подготовките, украинскиот првак Шахтар Донецк.

- Оглас -

Најнови вести